Седмо издание на манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Од:

Во кафе-барот „Селект“ во Струмица вечер во 20 часот ќе биде отворена седмата меѓународна манифестација „100 илјади поети за промена“. Таа е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ која годишно се одржува во стотици градови во светот, со повеќе од 500 најавени настани.

Република Македонија е вклучена уште од самиот почеток на оваа манифестација. Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, го реалиизра седмото издание во соработка со здружението „Контекст – Струмица“. Покрај поетите од Македонија, кои се застапени во зборникот што секоја година се издава во рамки на самата програма, ќе учествуваат и специјални поети-гости: Фахредин Шеху од Косово, кој е номиниран за Пулицеровата награда за литература за 2018 година, Вилијам С. Питерс и Маргарет Сејн од САД, Сотириос Пастакас од Грција, Иван Христов од Бугарија и осум поети од Србија меѓу кои Стефан Митиќ и Немања Стојковиќ Блеки.

Манифестацијата ќе почне во 20 часот со отворање изложба на плакати од дизајнерите кои се дел од конкурсот кој секоја година е дел од програмата, а потоа ќе биде промовиран зборникот со поезија во кој се застапени повеќе од 60 автори кои учествуваа на претходно објавениот конкурс. Тоа ќе биде проследено со поетско читање на поетите гости и авторите од Македонија, меѓу кои Никола Маџиров, Наташа Сарџоска, Тихомир Јанчовски, Д.А. Лори, Стефан Марковски, Катерина Диманова и многу други.

– Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени во државите, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика, соопшти здружението „Контекст – Струмица“.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска