Се реализираат повеќе проекти во Кавадаречкиот музеј

Од:

Се реализираат повеќе проекти во Кавадаречкиот музеј, информираше денеска директорот на оваа културна установа Петре Камчевски, по повод денот на музеите. Тој појасни дека сите проекти се од програмата за национален интерес и поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

– Три од проектите се едукативни. Тие се од областа на археологијата, историјата на уметност и етнологијата. Се реализираат заедно со учениците од специјалната паралелка од основното училиште „Страшо Пинџур”, соопшти Камчевски.

Тој додаде дека се изработуваат и четири кратки монографии за најважните настани од историјата на селата Барово, Дабниште, Чемерско и Рожден.

Камчевски го спомена и проектот за евидентирање и документирање на спомениците од НОБ и Илинденскиот период на територијата на општината Кавадарци.

Директорот на музејот ја најави и изложбата на Стефан Хаџи Николов за следната седмица.

Би можело да ве интересира

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Во битолскиот Музеј отворена изложба на предисториски предмети „Првите кралеви на Европа“

А1он

Семејно насилство во Кавадарци: Маж ја истепал сопругата

Горан Наумовски