Се црта нов мурал во Велес

Од:

Во склоп на годинешната програма на Министерството за култура на Македонија-дел за визуелни уметности, Стрип центарот на Македонија- Велес го имплементира проектот: „МУРАЛОТ КАКО КУЛТУРНА И ТУРИСТИЧКА ЗНАМЕНИТОСТ ВО ВЕЛЕС 2020 г “

„Ова е вторпат Министерството за култура да поддржи ваков проект од наша страна, но СЦМ досега веќе има изработено 5 мурали на фасади во градот .Овие стрип мурали, први од ваков вид во Македонија, се протегаат на различни локации и се вистинска атракција како за жителите на Велес, но ја збогува и неговата туристичка понуда.Праксата на цртање на мурали е многу честа во светот, посебно е интересен градот Ангулем/Франција откаде ги добивме првичните идеи и искуства .

Врз основ на истите искуства и оваа година ќе се изработи стрип мурал на површина од 33м/2. Овојпат мотив за цртање на мурал е КРАЛЕ МАРКО и се работи на веќе познатата локација во близина на Градскиот саат ,мегу два веке изработени мурали .Се работи со акрилни фасадни бои и специјални четки од страна на веќе воиграниот тим: Ване Трајков(како главен цртач) и Анита Гочева и Горан Мазнев(асистенти) .

Праксата на изработка на мурали низ Велес ќе продолжи и натаму, во склад со финансиската поддршка од државата и др.донатори. Оваа уметност е веќе прифатена помегу граѓаните на Велес , нивните коментари при поминување низ оваа прометна улица го докажуваат тоа.Се надеваме дека интерес за овој тип на творештво ќе се пројави и низ други градови од државата“, изјави Томе Трајков-координатор на проектот.

Би можело да ве интересира

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега