Сара Тодоровска заштитно лице на 53-тите „Рацинови средби“

Од:

Сара Тодоровска, ученичка во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, е избрана за заштитно лице на 53-тата поетска манифестација „Рацинови средби“.

Сара е избрана меѓу 11  ученички од повеќе средни училишта во Велес кои аплицирале на распишаниот конкурс „Музата на Рацин“. Со заштитното лице на „Рациновите средби“ ќе се реализира целокупниот рекламен материјал на манифестацијата: фотосесија, програма, плакат, билборд и видеоспот.

– Целта на конкурсот „Музата на Рацин“ е современ третман на Рациновата муза како значајно обележје на неговата љубовна поезија, а воедно афирмација и промоција на младите од Велес и нивно активно вклучување во реализацијата на „Рациновите средби“, соопшти организаторот.

Би можело да ве интересира

Изложба со примероци од „Бели мугри“ на Рацин во Велешката локална библиотека

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска