Самостојна изложба на Љуан Зенку во Гостивар

Од:

Во галеријата „Култ“  во Гостивар синоќа беше отворена самостојната изложба со наслов „Традиционален фолк“ на гостиварскиот ликовен уметник Љуан Зенку.

Тој пред љубителите на ликовната уметност се претстави со дваесетина дела од неговиот последен опус изработени во техниката акрил на платно.

На отварањето на изложбата, академскиот професор Решат Амети осврнувајќи се делото на овој уметник напомена дека Зенку е еден од најдинамичните и најенергични ликовни уметници на нашите културни простори, со богата визија во перцепцијата и презентација на финалниот уметнички производ.

– Презентираните дела ја потврдуваат неговата енергија и уметничка креативност. Композицијата во неговите дела е отворена и динамична, колоритетот е богат, експресивен и сугестивен, рече Амети.

Љуан Зенку активно се занимава со уметност последниве две децении и е анагажиран во организирањето на културно-уметнички настани. Последниве три години раководи со Центарот за култура „АСНОМ“.

Изложбата ја организираше ЗЛУМ „Драудакум“ со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“