Од 28 март до 2 април Кинотеката на Македонија ќе прикажува циклус современи романски филмови од жанрот комедија. Ќе почне задутревечер со филмот „Изгубена во транзиција“ по сценарио и режија на Кристина Ничитус, снимен во 2011 година.
Во наредните денови ќе бидат прикажани уште пет филма: „Приказни од златните времиња“ романско-француска копродукција од 2009-та на петмина режисери, „Здраво! Како си?“ на режисерот Александру Мафтеу (2011), „Полжави и луѓе“ на Тудор Џурџиу (2012), „Свадба во Бесарабија“, романско-молдавско-
Во четврток него ќе го отвори Анка Митран, директорка на Романската кинотека, а на отворањето ќе присуствува и романскиот филмолог Маријан Цуцуи. За оваа пригода тој подготови брошура „Новиот романски филм – помежу егзотиката и државните субвенции“, во која пишува дека романската кинематографија во 1980-тите била на лош глас, но благодарение на нова генерација филмаџии што дебитирале во 2001, меѓу 2004 и 2010 година успеала да добие 12 награди во Кан, Венеција и Берлин.
– Во последниве години сите филмски фестивали настојуваат во својата програма да вклучат и романски филмови, особено филмови на помладите романски режисери кои припаѓаат на т.н. романски нов бран, пишува во освртот на филмологот од Романија.
Кинотеката информира дека филмскиот циклус ќе биде прикажан и во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.