Рисима Рисимкин учествува на фестивалот „Silk road festival” во Кина

Од:

Профеорката по современ танц Рисима Рисимкин од 20-ти до 24 септември присуствува на фестивалот „Silk road festival” во Сиан, Кина, каде што е поканета како член на жири на платформата за современ танц.

Платформата е дел од програмата на фестивалот кој има богата програма со повеќе уметнички категории – музика, танц и визуелни уметности, со гости од целиот свет.

Платформата за современ танц се одржува првпат и вклучува млади кореографи од цела Кина, кои се занимаваат со современ танц.

Рисима Рисимкин во рамките на фестивалот одржа мастерклас во новоотворениот Арт центар во Сиан и ја презентираше современата танцова сцена во Македонија.

На фестивалската програма беше изведена и претставата „Колевка“ – прва продукција во рамки на иницијативата „16+1“ меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Нашиот „Танц фест“ е дел од европските фестивали кои ја поддржаа оваа продукција и која беше изведена на фестивалот во април, на сцената на Народниот театар „Џинот“ во Велес.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска