Резиденција на двајца хрватски уметници во организација на „Локомотива“

Од:

Здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од денеска до 9 септември организира уметничка резиденција на двајца уметници од Хрватска – кореографката и изведувач Соња Преград и визуелниот уметник и изведувач Марко Гутиќ Мижимаков.

Резиденцијата е во рамки на програмата „Современа кореографија и танц” и ќе се реализира во Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура. Уметничката резиденција ќе опфати уметничко истражување проследено со јавна презентација и изведба на авторски перформанси на поканетите уметници.

Преград и Гутиќ Мижимаков ќе реализираат уметничко истражување во рамки на една хипер-/хипо/-кореографија – точка на состанување помеѓу соматското и дигиталното – преку креирање замислен пејзаж на комуникација помеѓу нив.

-Барајќи потенцијал за субверзија, тие сакаат да истражат што значи сензитивноста и што ја придвижува сензитивноста во трепкачката слика која е претставена како хипер-реална. Како уметници кои творат во два различни медиума, танцот и движењето – како домен на Преград и филмот, видеото и 3Д-анимацијата како домен на Гутиќ Мижимаков, за нив претставува простор со голем потенцијал за истражување, базирано на пракса преку креирање екосистем, заснован на меѓусебната зависност на двата спротивни медиуми. Тие во рамки на истражувањето ќе работат на изградба на овој хипер-/хипо-/дигитално-кореографски пејзаж од три насоки: танц, слика и колектив. На 9 септември јавно ќе ги презентираат резултатите од истражувањето, соопшти Здружението Локомотива.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска