Режисери и продуценти бараат да не се крати буџетот за филм – упатија писмо до Министерството за култура

Од:

Филмски режисери и продуценти испратија отворено писмо до Министерството за култура во кое реагираат на предлогот за кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консулатации од Агенцијата за филм.

Во отвореното писмо, меѓу потписниците се режисерите Тамара Котевска, Теона Митевска, Ѓорче Ставревски, Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Игор Иванов – Изи, како и продуцентите Роберт Насков, Лабина Митевска, Томи Салковски, Дарко Попов…

Нивното писмо го објавуваме во целост:

„Благодарност до Министерството за култура за брзата реакција. Со овој обид за демант и официјално се потврдија нашите информации дека е предвидено кратење на средства од буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм. Министерството изјавува дека наводно за финансиските средства кои сега ќе ги земе од Агенцијата за филм ќе преземе активности да ги врати до крајот на годината. Затоа уште еднаш нагласуваме дека средствата предвидени во буџетот за 2023 година ни се потребни веднаш и сега, а не во декември, уште помалку следната година.

Проектите кои се веќе во реализација и оние чие снимање е предвидено да започне овој период не може да го чекаат евентуалното враќање на одземените средства на крајот од годината. На тој начин, колегите кои ги водат и се ангажирани на овие проекти ќе бидат во неизвесност дали и кога ќе ги добијат финансиските средства. Постојат трошоци за непречена реализација на филмовите кои мораат да бидат исплатени во текот на снимањето. Без прецизна и навремена динамика на исплата на ваквите трошоци не може да се одвива снимањето на било кој филмски проект насекаде во светот. Дополнително потсетуваме, филмските работници живеат единствено од хонорари, никаде не се вработени и не примаат плата.

Во изминатите години сведоци сме на најразлични ветувања кои никогаш до крај не се исполнуваат. Буџетот за филм континуирано се крати наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа. Несфатливо е што буџетот за филм се крати и покрај големите успеси на македонскиот филм на интернационално ниво.

Уште еднаш упатуваме барање до Министерството за култура за повлекување на предлогот за кратење на средствата за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата.

Воедно, упатуваме барање до Министерството за култура и Агенцијата за филм за заедничка средба која треба да се одржи што поскоро, на која ќе се стават на маса сите актуелни прашања и ќе се разговара за правилно проектирање на буџетот за 2024 година, со што ќе се овозможи македонската кинематографија да застане цврство на нозе и да чекори непречено кон нови успеси.

Со почит,
1. Тамара Котевска – режисер
2. Теона Митевска – режисер
3. Ѓорче Ставрески – режисер
4. Даријан Пејовски – режисер
5. Вардан Тозија – режисер
6. Дина Дума – режисер
7. Марија Апчевска – режисер
8. Горан Столевски – режисер
9. Митко Панов – режисер
10. Игор Иванов – режисер
11. Петра Селишкар – режисер и продуцент
12. Георги Унковски – режисер
13. Андреј Волкашин – режисер
14. Срѓан Јанакиевиќ – режисер
15. Игор Алексов – режисер
16. Иван Ивановски – режисер
17. Елеонора Венинова – режисер
18. Николче Поповски – режисер
19. Трифун Ситниковски – режисер
20.Лидија Мојсовска – режисер
21. Марко Ѓоковик – режисер
22. Васил Христов – режисер
23. Кристијан Ристевски – режисер и продуцент
24. Димитар Оровчанец – режисер
25. Кастриот Абдили – режисер и продуцент
26. Гоце Цветановски – режисер
27. Батухан Ибрахим – режисер
28. Маријан Гавриловски – режисер
29. Ромир Јакупи – режисер
30. Ибрахим Деари – режисер
31. Мирсад Абази – режисер и актер
32. Авдиљ Тачи – режисер и монтажер
33. Фисник Исмаили – режисер и кинематографер
34. Андреј Георгиев – режисер
35. Гоце Трајковски – режисер
36. Алекс Цветков – режисер
37. Косара Митиќ – режисер
38. Ана Јакимска – режисер
39. Владимир Митревски – режисер
40. Илија Пиперковски – режисер
41. Стојан Вуисиќ – режисер
42. Саша Станишиќ – режисер
43. Лабина Митевска – продуцент
44. Марија Димитрова – продуцент
45. Томи Салковски – продуцент
46. Роберт Насков – продуцент
47. Владимир Анастасов – продуцент
48. Ангела Несторовска – продуцент
49. Дејан Илиев – продуцент
50. Иван Унковски – продуцент
51. Ивана Шекутковска – продуцент
52. Елена Станишева – продуцент
53. Јорданчо Петковски – продуцент
54. Сашо Пешев – продуцент
55. Илија Циривири – продуцент
56. Сара Ферро – продуцент
57. Владимир Стојчевски – продуцент
58. Дарко Попов – продуцент
59. Огнен Антов – продуцент
60. Гоце Кралевски – продуцент
61. Атанас Георгиев – продуцент и режисер
62. Роберт Јазаџиски – продуцент
63. Дејан Крајчевски – продуцент
64. Бунјамин Куртиши – продуцент
65. Душан Ефремов – продуцент
66. Иво Антов – продуцент
67. Сашо Павловски – продуцент и режисер
68. Бранд Ферро – продуцент и кинематографер
69. Илија Тирицовски – продуцент
70. Горан Стоиљковиќ – продуцент“

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов