Револуција на розовите пижами – изложба на Маја Кировска

Од:

По повод наградата која Флукс Галерија и ја додели на Маја Кировска на минатогодишното издание на Саемот за современа уметност „Паратисима ­­­– Скопје“, на 10 мај, во 20 часот, во Галеријата Флукс ќе се отвори самостојната изложба на Кировска со наслов „Револуција на розовите пижами“

Изложбата е дел од уметничкиот проект кој Кировска го започна минатата година, во сооработка со уметникот Ницан Хамерман од Израел. Реализацијата на проектот ќе се одвива во 3 етапи, првата во Македонија, втората во Израел, а потоа на неколку локации во странство.

Како пилот проект за да се испитаат ефектите, влијанијата, коментарите и впечатоците на публиката, дел од концептот прв прв пат беше поставен и презентиран на 19.04.2016 на една групна изложба во Националната галерија на Македонија – објект Чифте Амам.

– Розовите пижами ја имаат привлечноста на леснотијата на поп културата, но истовремено покажуваат ироничен став. Тие се симбол за мирниот сон од кој се раѓаат нови идеи и креативни решенија за иднината. Тие се облека на сонувачите. И не е важно дали се со точки, срциња или цветчиња, треба да претставуваат поттик.

Фактот дека поголем дел од светската популација не живее во благосостојба и дека животната средина ќе стане неподносливо место долоку продолжиме со ова уништувачко темпо, се доволна причина да се заангажираме во потрагата по креативни решенија за иднината. Можеби во моментов го немаме одговорот, но важно е да вложиме напор и да размислиме.

Ќе направиме експеримент, ќе ја спроведеме Револуцијата на розовите пижами како дадаистичка игра, апсурдна и смешна, но истовремено акција која провоцира размислување за важни прашања. Таа е повик до сите сонувачи и креативни умови да ги вклучат до максимум своите способности, вели Маја Кировска.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“