Ретроспективна изложба на Спасе Куновски

Од:

Ретроспективно-монографската изложба на еден од доајените на македонската современа ликовна уметност Спасе Куновски (1929-1978), ќе биде отворена вечер во Даут-пашиниот амам во Скопје.

Автори на изложбата се кустосите Ана Франговска и Маја Неделкоска-Брзанова. На изложбата ќе може да се видат 75 дела од уметникот.

Освен изложбата, изработен е и монографски труд за Куновски, кој содржи преглед на творештвото на уметникот, контакти, монографска студија за неговиот живот и творештво од Франговска, а има интегрални текстови и извадоци од историчари на уметност, есеисти, филозофи, кустоси кои пишувале за Куновски…

Академскиот сликар Спасе Куновски е роден на 24.09.1929 година во Дебар. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб во 1953 година. Студиски престои имал во Франција, Италија, Велика Британија, Шведска, Грција и др.

Член бил на ДЛУЈ, ДЛУМ и на ДЛУПУМ, како и на ликовната група „Мугри“. Се занимавал со сликарство, опрема и илустрации на книги и со педагошка дејност. Работел како професор во средното училиште „Зеф Љуш Марку“, а потоа и на Педагошкиот факултет во Скопје. Спасе КУновски дело

Неговите дела се наоѓаат во повеќе музеи, галерии и кај приватни лица во Скопје, Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Ниш, Битола, Струмица, Штип, Куманово, Рим, Милано, Венеција, Фиренца, Њу Кастел, Торонто, Варшава, Сао Паоло и др. Неговите дела биле презентирани на 10 самостојни изложби, а учествувал на многубројни групни изложби во државата и во странство, претставувајќи ја не само Македонија, туку и поранешна Југославија на многубројни значајни светски манифестации.

Изложбата ќе биде отворена до 18 декември годинава.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“