Ретроспективна изложба на Ристо Соколов Сокол

Од:

Утре, 12 декември, во ликовните салони на “Музеј – Галерија“ Кавадарци, во 18 часот ќе биде отворена изложба на Ристо Соколов Сокол. Изложбата е по повод јубилејот 40 години работа во ликовна уметност и е насловена „Ретро Арт – Нови моменти“.

„Навидум ретроспективна, новата изложба на Ристо Соколов Сокол носи нова поставка и ново видување на ликовниот момент, со повеќе нови дела кои заедно со се што ќе биде изложено во кавадаречкиот “Музеј – Галерија“, всушност заокружува негов тригодишен уметнички и животен циклус.

Провокативен со секое ново дело, познат перформер, но и по тоа што за неговите изложби се говори долг период по отворањето, Ристо Соколов и овојпат поставува нови правци со своите успешни ликовни експерименти, не само со материјалите кои ги користи за својата уметност, туку и преку темите, за кои познавачите на неговото обемно ликовно творештво велат дека се непресушни“, пишува во текстот за оваа изложба.

Изложбата “Ретро Арт – Нови моменти“ доаѓа по два и повеќе од успешни ликовни циклуси заокружени со рекордно посетени изложби – “Траги – Ретро мултимедиа“ (2009) и “Некогаш и денес“ (2011), со кои успешно го сублимираше неговиот десетгодишен експеримент во креирањето ликовни дела со природни материјали, за што во 2012 го доби највисокото признание на општина Кавадарци, наградата “7-ми Спетември“.

10859302_10205605058461000_849772683_n

Со комбинираните поставки од двата циклуса, кои беа изложени во повеќе градови низ Македонија во 2012 и 2013 година, го навести и новиот правец во кој ќе се движи неговото ликовно творење, чие свовидно финале ќе се случи пред кавадаречката и македонската ликовна јавност во петок, на 12 декември“, пишува в текстот за изложбата.

Ристо Соколов Сокол е изложувал самостојно низ Македонија и во странство. Познат е и како успешен организатор на меѓународни ликовни колонии, а последните неколку години ја сублимира успешно соработката со други уметности (музичка, театарска, литературна, фотографска и др.) преку неформалната уметничка група “Сокол Арт“.

Би можело да ве интересира

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он