Ретроспективна изложба на Мена Спировска во Музеј на град Скопје

Од:

Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложба „Ретроспектива“ на Мена Спировска Менче (Прилеп, 1928. – Скопје, 2011), која во 1955 година дипломирала на сликарско-графичкиот отсек на Академијата за применета уметност во Загреб.

На изложбата ќе бидат претставени четириесетина графики и цртежи создадени во педесеттите и почетокот на шеесеттите години од 20 век.

– Особеност на нејзината присутност на ликовната сцена во Македоније е релативната краткотрајност и малиот број создадени дела кои, од друга страна, се исклучително интересни во неколку насоки на согледување. Во втората половина на 50-тите и во почетокот на 60-тите години од 20 век таа е, веројатно, нашиот најистакнат графичар која со оваа техника ги актуелизира формите на модерната уметност, соопшти Музеј на град Скопје.

Музејот информира дека во нејзините најособени дела Спировска настојува да навлезе во особеноста на линеарната структура, особена за дрворезот; да го создаде сопствениот преплет на арабески и со него да формира некаква основна структура на површината и во сето тоа да ја вметне таинственоста на женскиот елемент.

– Спировска е дел од бранот на модерната уметност што како функција на еманципаторските тенденции на модерноста требало целосно да го промени нашето општество. Со дејноста на тие генерации создадени се предусловите за вредносните модели и насоки со кои понатаму сме се развивале. Спировска оваа тенденција ја дополнила со недоволно присутниот женски елемент, соопшти Музеј на град Скопје најавувајќи ја изложбата.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“