Реновирана спомен-куќата на народниот херој Страшо Пинџур во Ваташа

Од:

Заврши реновирањето и обновата на спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во кавадаречкото село Ваташа, проект реализиран од музејот од Кавадарци, информираше денеска директорот Петре Камчевски.

– Најпрво беше  сменета комплетната покривна конструкција на музејот и помошната просторија. Беше извршена и обнова и дополнување со нови документи на постојаната поставка во самата музеј-куќа со нови 40-ина документи, а на постојните им беше продолжен векот на траење. Беше извршена хидрозаштита на објектот, а  заштитени беа и сите дрвени столбови и греди кои го карактеризираат  македонскиот стил на градба на куќи, соопшти Камчевски.

Најголем дел од средствата ги обезбеди општина Кавадарци, а еден дел од финансиите  се обезбедени и од Министерството за култура.

– Битно е што овој значаен културно-историски објект од нашето историско минато, инаку заштитен од државата,  е доведен во одлична состојба и ширум ги отвара вратите за сите посетители, нагласи Камчевски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ