Над 600 уметници и здруженија пријавиле проекти од областа на културата до Град Скопје

Од:

Градот Скопје ги информира граѓаните дека на Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2018 година, кој заврши на 18.12.2017 е евидентиран огромен интерес и пристигнати се рекорден број пријави споредебено со изминатите години.

На годинешниов повик се пристигнати над 600 пријави, што споредебно со ланскиот повик на кој пристигнаа 220 пријави, претставува трикратно зголемување на интересот.

На Јавниот повик имаа право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за култура и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Со оглед на големиот број пристигнати пријави, кои во наредните денови ќе бидат разгледувани од надлежната комисија, резултатите од јавниот повик ќе бидат познати по новогодишните празници и истите ќе бидат објавени во
„Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година, велат преку соопштение од Град Скопје.

Градот Скопје и во иднина ќе ја продолжи големата финансиската поддршка во културата со цел добивање што поквалитетни проекти и програми од оваа област.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината