Разрешени Јелена Жугиќ и Братислав Димитров

Од:

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска ги разреши директорите на Театарот за деца и младинци – Скопје и на театар „Комедија“ и на нивно место назначи нови вршители на должноста.

За нов вршител на должноста директор на Театарот за деца и млади е назначена Катарина Илиевска – Силјановска која доаѓа на местото на досегашниот директор Братислав Димитров, а за вршител на должноста на театарот „Комедија“ на местото на Јелена Жугиќ е назначена Мирјана Поповска – Ристов.

– Единствена цел на назначувањето на в.д директори е итно да се ослободат клучните институции, кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите. Воедно, ве известуваме дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Оттаму посочуваат дека веднаш штом се исполнат законските услови низ отворен и транспарентен процес ќе бидат распишани конкурси и ќе се спроведат постапки за избор и именување на нови директори.

– Им честитаме на назначените вршители на должноста директори на овие институции, пред сè на нивната демонстрирана храброст да се зафатат за оваа мошне тешка, компликувана и одговорна задача, и да одговорат на сериозниот предизвик да се овозможат основни услови овие институции да ја вратат нивната функција и да бидат во служба на јавниот интерес и на сите граѓани подеднакво, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Нови датуми за Глумците Пеат

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов