Издавачката куќа Темплум, третпат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“- стрип на годината.
На конкурост можат да учествуваат сите оние кои ќе испратат досега необјавени авторски стрипови, до 16 табли (или страници).
Стриповите треба да бидат скенирани и испратени по електронска пошта, до 31 декември 2020 година, на следнава адреса: [email protected].
Предвидени се три награди: од 250, 150 и 100 евра. Најдобро оцененетите автори за таа сума ќе добијат изданија, по сопствен избор, на книгоиздателството „Темплум“ и на издавачот на стрипови „Бункер“.
– Целта на наградата е да ги промовира и афирмира овдешните стрип автори, но и да го унапредува стрипот како медиум. Втора важна цел е да придонесеме за развојот на македонската културна сцена и во поширока смисла, промовирајќи нови креативни актери, нови културни настани, поинакви пристапи и стилови на полето на културата – со што сакаме да придонесеме за плурализацијата и шаренилото на овдешниот недоволно развиен културен простор, истакнаа од Темплум.
Наградите ќе бидат доделени во јануари 2021 година.