ВИДЕО: Работилници, филмски проекции и награди на 7. „Мобил фестивал“

Од:

Дваесетина филмови од македонски, но и од автори од соседни земји, пристигнале на  повикот за учество на седмиот фестивал за снимање краток филм со мобилен телефон „Мобил фестивал“, кој го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола.

Официјално фестивалот ќе биде отворен на 26 ноември во 18 часот во Кинотеката на Македонија каде што ќе бидат прикажани сите филмови што пристигнале на повикот кој беше отворен еден месец.

Најдобриот филм што ќе го избере тричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиева-Лале“, која се состои во стипендија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности-ЕСРА. Ќе бидат доделени и награди за оригинална идеја, најиновативен филм, приказна.

Во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Скопје денеска ќе бидат прикажани и видеа од работилницата за стоп-анимација.

– Под менторство на професорките Кристина Битракова и Ангелина Дамјаноска-Наумоска, триесетина ученици од трета и од четврта година се љубопитни да дознаат повеќе за стоп-анимацијата и можноста со мобилен телефон да креираат филмско дело. Во соработка со Универзитетот ЕСРА на сите учесници на работилницата ќе им биде понудена стипендија за школување, која ќе подразбира намалување на трошоците за студирање за 30 отсто. Најсреќните десетмина во публиката ќе добијат награда, бесплатни влезници за филм од репертоарот на киното „Милениум“, а за публиката ќе има и други награди и изненадувања, соопшти организаторот на „Мобил фестивал“.

Во соработка со фестивалот „Синедејс“, на 13 ноември беше одржана работилница наменета за најмалите љубители на анимираните филмови, која ја воедеше Крсте Господиновски.

Во рамки на „Мобил фестивал“ во Кинотеката на Македонија на 24-ти и на 25 ноември со почеток во 18 часот ќе бидат прикажани два играни филма за деца над 10 години – холандскиот „Малиот гангстер“ и германскиот „Авантурата на Нели“. Двата филма неодамна беа дел од програмата на фестивалот за деца и млади „Џифони Македонија“, а „Малиот гангстер“ беше победник во категоријата „Јуниори“.

Би можело да ве интересира

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена