Работилница за креативен стрип

Од:

Во Лазарополе денеска и утре ќе се одржи работилница за стрип, во рамки на проектот Креативен викенд.

На работолницата која се одржува по втор пат, ќе бидат претставени највозбудливите стрип цртачи на локалната и регионалната сцена, кои преку своите предавања и презентации ќе ја претстават својата досегашна работа, ќе ги изложат своите искуства за и околу стрипот, проблемите со кои се соочува локалната сцена, визиите за иднината на стрипот како уметност и како стрипот понатаму ќе се развива во локални и глобални рамки.

Учесниците на работилницата ќе можат да цртаат стрипови на зададена тема, заедно да работат, да се инспирираат, создаваат, да ја претстават својата работа, да соработуваат, воедно и да се дружат овие два дена и да уживаат во природата.

Македонската стрип сцена е се уште на ниво на андерграунд и е во процес на дооформување и созревање. Во такви услови потребата од собири каде ќе се пишува и презентира е и повеќе од потребна. Вмрежувањето помеѓу млади и надоаѓачки цртачи, како и оние кои се веќе подолго време присутни на сцената и нивна взаемна соработка и размена на искуства е нужност.

Оваа работилница ќе се обиде на едно место да собере цртачи и млади кои се заинтересирани за стрипот и цртањето, кои заедно ќе работат, врз основа на што би се создала база за нивна понатамошна соработка на ниво на локална сцена.

Ова е еден чекор кон креирање на своевидна нова цртачка заедница, која ќе ги има сите параметри на една здрава сцена која меѓусебно ќе комуницира и соработува во иднина.

Работилницата за стрип е наменета за стрипаџии и цртачи, а ќе се состои од предавања/презентации и работни сесии (цртање) каде авторите ќе имаат можност меѓусебно да се запознаат, да цртаат, да ја презентираат својата досегашна работа и да ги видат цртежите на другите автори.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он