Работилница „Креативна сложувалка“ за деца од пет до 10 години

Од:

„Колектив Ветерница“ во соработка со Музејот на современа уметност денеска во музејот ќе ја одржи шестата работилница – уметничка лабораторија „Креативна сложувалка“. Специјален гостин и едукатор ќе биде дипломираниот ликовен уметник Ана Ивановска.

Станува збор за ликовна креативна работилница за деца на возраст од пет до 10 години, чија цел е преку игра и забава да го поттикне креативниот развој и фантазијата кај децата и да ги воведе во светот на уметноста.

– Преку прошетка низ Музејот, малите уметници ќе го истражуваат отворениот и затворениот простор каде што секое дете може да ја избере неговата инспирација за својот цртеж – опкружувањето на Музеј на современа уметност и прекрасниот поглед од Калето кон градот или внатрешната поставка на Музејот со омиленото уметничко дело. Како нов предизвик овојпат ќе биде играта со пастел: децата ќе истражуваат и учат какви сѐ комбинации на нијанси и текстури ни открива и овозможуваа оваа ликовна техника, соопшти „Колектив Ветерница“ за работилницата за која е потребно претходно пријавување.

Организаторот четири години активно ја негува перформативната уметност која, како што нагласува, е основна алатка за раст и развој на деца и млади.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска