Публиката во Пазин одушевена од илустрациите на македонските автори на изложбата „Дом без граници“

Од:

Чест ми е и задоволство што заедно со дел од тимот на фестивалот „Литера“ од Македонија втора година по ред сме дел од прекрасната и возбудлива приказна наречена „Овца во кутија“. Со нас носиме искрена македонска благодарност што имаме можност заедно со вас да ја вдишиме креативната енергија која деновиве е измешана со воздухот во прекрасниот Пазин – изјави Софија Семенпеева-Трајановска, основач на фестивалот за литература за деца и илустрација „Литера“, на отворањето на изложбата „Дом без граници“ во Пазин, Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Илустрации на Кристијан Јованоски, Инес Ефремова, Надица Златкова-Митевска и Наташа Андонова од синоќа се изложени во Галеријата на ликовните уметници во Пазин, срцето на Истра. Изложбата е резултат на соработката помеѓу двата фестивала што беше воспоставена минатата година.

-Особена благодарност од целиот тим на фестивалот „Овца во кутија“ што срдечно ги отвора вратите за македонската илустација и што ни ја даде можноста да претставиме едно многу мало, но исклучително важно делче од современата македонска уметност. Со голема радост и одговорност го прифативме предизвикот да претставиме група инспиративни илустратори од нашата држава – рече Семенпеева-Трајановска.
„Литера“ организираше конкурс за илустратори на тема „Дом без граници“. Конкурсот траеше речиси пет месеци и на него авторите имаа можност да аплицираат и со нови и со издадени дела.

-Живееме во време во кое сè помалку се фокусираме на топлината на домот, време кое ни поставува многу ограничувања, време во кое секојдневно некој некаде се сели, во кое војната постојано им одзема домови на илјадници деца. Ова е време со многу врева, a осаменоста е најгласна. Живееме во време во кое децата се збунети што е дом, време во кое им ја одземаме слободата да бидат деца. Слоганот „Дом без граници“ е потсетување дека домот не познава граници, дека домот го носиме со нас насекаде и дека можеме да го отвориме ширум за сите. Домот е во срцето, во сјајот на детските очи, во слободата. Слободата е еднаква на фантазија, а таа и нејзината волшебна моќ за миг нè носат низ возбудлив и смел колорит на илустрациите. Во илустрацијата се можни сите чуда. Илустраторите, како и децата веруваат во волшебни светови, во кои домот е во секој од нас. Во тој и таков дом има радост и волшебни патувања. „Литера“ е дом за сите чуда во кои безусловно веруваме – рече Семенпеева-Трајановска.

На отворањето се обратија и Ива Цицеран, директорка на Градската библиотека во Пазин. Таа истакна дека за фестивалот е голема радост што во Пазин се промовира современата македонска илустрација и што претставници на „Литера“ ја доближија оваа сцена во Пазин.
Изложбата ја поздрави и претставничка од Министерството за култура на Хрватска, од секторот наменет за деца и млади, Маја Зрнчиќ. Таа истакна дека вакви соработки треба да продолжат и во иднина и во други форми.

На изложбата имаше презентација на проектот „Сликовницата на Халки“ општествено одговорен проект кој е пример за квалитетна соработка, поддршка и едукација на најмладите за значајни општествени теми.

Дента членови на тимот на „Литера“ се сретнаа со средношколци од пазинската гимназија кои покажаа интерес за делата на нашите илустратори.

На третиот фестивалски тим, ќе биде организирана тркалезна маса на тема „Зошто да се читаат сликовници?“, на која ќе учествува и тимот на „Литера“.

На изложбата посетителите имаа можност да дегустираат автентични македонски производ Art Juice сок од калинка и Гордион Амбер-крафт ракија. Фестивалот „Литера“ го организира Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“.

Организирањето на изложбата го помага Халкбанк АД Скопје, а е поддржано и од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

„Отпорност“ – изложба на фотографии од жени кои инспирираат промени

Отворање на изложбата „Без дистанца“ Куманово

Ана Ололовска

Изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“ на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Во галерија „КО-РА“отворена изложбата фотографии на Драги Неделчевски, познат и наградуван фотограф од Тетово

Ана Ололовска

Изложба „Карпино 2022“ во Куманово

Дритон Селмани со самостојна изложба во МСУ – Скопје

Ана Ололовска