Публиката на „Охридско лето“ воодушевена од настапот на Лугански

Од:

Со стоечки овации и бисеви публиката на „Охридско лето“ синоќа го награди рускиот виртуоз на пијано Николај Лугански по двочасовниот концерт во акустичната црква „Света Софија“.

Настапи со дела на Шуберт и Чајковски, а по завршување на настапот изјави дека не жали што по четврти пат настапува во црквата „Света Софија“.

–  Во Охрид секогаш настапувам со големо задоволство. Тука настапувам веќе четврти пат. Малку е жешко и средината на летото повеќе е за одмор отколку за свирење концерти, но сепак ова е мистериозно место, кое секогаш сакам да го посетам. Многу сум и благодарен на публиката која многу внимателно ја слушаше денешната програма што воопшто не е лесна за следење, ниту Шуберт, ниту Чајковски-сонатата, истакна Лугански.

Македонската пијанистка Маја Кастратовиќ по завршувањето на концертот рече дека изведбите на Лугански ја оставиле без здив.

–    Преполната сала во „Света Софија“ беше импресионирана од еден од врвните пијанисти од младата генерација пијанистичка елита во светот. Се работи за пијанист кој е исклучително префинет и чувствителен. Вечерва присуствувавме на неверојатно емотивен набој. Сето тоа со брилјантност и неверојатна виртуозност. Можам да кажам дека и програмата што ја избра за публиката беше фасцинантна, изјави Кастратовиќ.

Пијано-концертот на Лугански го следеше и неговиот колега, рускиот виолончелист Александар Книажев, кој претходниот ден имаше свој настап на „Охридско лето“ заедно со пијанистот Андреј Коробеиников.

Би можело да ве интересира

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ