Прва полуфинална вечер на Танцлаб

Од:

Во Народниот театар „Џинот“ во Велес ќе се одржи првата полуфинална вечер на интернационалниот натпревар за млади кореографи Танцлаб.

Ќе настапат девет селектирани млади кореографи: Фабио Либерти од Италија, Џесика Симет од Унгарија, Јакуб Мунко од Полска, Фредерика Ботини од Италија, Вероника Акопова од Русија, Соња Зани од Италија, Диего де Роса од Германија, Беатриче Панеро од Германија, Мара Хулапс од Холандија.

Работата на овие кореографи, избрани во конкуренција на преку 200 апликанти, ќе ја оценува високо стручно жири: Самуел Вуерстен, уметнички директор на Holland Dance Festival во Хаг, член на Бордот на Кодартс Ротердам во Холандија, куратор на Интернационалниот фестивал Контекст, на Дијана Вишнева; Мехмет Балкан, главен кореограф и уметнички советник за Националните балетски компании во Турција и Јагода Сланева, прима-балерина, добитник на Наградата за врвни остварувања во областа на танцот Менада на Танц Фест 2017.

Утре, исто така во „Џинот“, ќе се одржи Гала вечер, во која ќе се прикажат петте финалисти одбрани од стучното жири. Изведена ќе биде и премиерата на Скопје танцовиот театар „Патот“ во кореографија на Антон Рудаков од Германија. На крајот на вечерта ќе се прогласи добитникот на „Златна пеперутка“ за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска