Прв меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров“ од утре до 19 октомври во Скопје

Од:

Во Македонскиот народен театар и Кинотеката на Македонија од утре до 19 октомври ќе се одржи првиот Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности во Македонија „Богородичен Покров“.

На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерката за култура Елизабета Канческа Милеска и директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска, амбасадорот  на Руската федерација Олег Шчербак и амбасадорот на Чешката Република Мирослав Рамеш, а ќе бидат доделени дипломи за духовни и хумани вредности.

Гости на фестивалот се Матушка Софија од Русија, филмскиот режисер и сценарист, член на Европската филмска академија и Чешката филмска и телевизиска академија Јиржи Свобода и чешкиот продуцент и режисер Виктор Криштоф.

На филмската програма ќе бидат прикажани 15 играни и документарни филмови од фестивали и продуценти од ваков жанр од повеќе држави.

Претседател на фестивалот за 2016 година е Јован Таковски, протојереј ставрофор, годинешен добитник на признанието Орден од прв ред Свети Климент Охридски на МПЦ-ОА.

Фестивалот е под покровителство на Агенцијата за филм на Македонија и со благослов на Македонска православна црква – Охридска Архиепископија. Влезот е бесплатен врз основа на резервации.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска