Промовирано делото „Структура на кристали“ oд Глигор Јовановски и Петре Макрески

Од:

Издание насловено „Структура на кристали“ од авторите Глигор Јовановски и Петре Макрески е промовирано денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

На промоцијата се обрати претседателот на МАНУ, Таки Фити, кој рече дека станува збор за прво уникатно издание посветено на таа проблематика.

– Ова е прва книга од оваа област во Република Македонија. Оваа книга не е битна само за хемичарите. Природата на материјата е таква што со неа се занимаваат уште многу други научни области, како што се физиката, биологијата, медицината, фармацијата, градежништвото, металургијата итн., истакна Фити.

Додаде дека книгата е резултат на долгогодишната научна прекупација на двајцата автори со таа значајна проблематика.

Промоторот на изданието Љупчо Пејов рече дека делото се состои од три дела: Геометриска кристалографија, Основа на кристалохемија и Рендгенската структурна анализа.

– Делото ќе служи како универзитетски учебник и ќе биде учебник за студентите од вториот и третиот циклус, додаде Пејов.

Би можело да ве интересира

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија