Промовирани „Избрани драми“ од Горан Стефановски

Од:

Издавачката куќа „Полица“ на Саемот на книгата попладнево го промовира своето ново издание, драмски избор од Горан Стефановски, кој ги опфаќа драмите: „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Баханалии“ и „Демонот од Дебар Маало“.

За драмскиот автор, писател, драматург и професор Горан Стефановски, како и за неговите драми зборуваше театрологот Ана Стојаноска. Таа потенцира дека без Горан Стефановски не постои македонската драма и театар.

Раскажуваше за Горан Стефановски, за нивното пријателство, за дискусиите што ги воделе за драмите, за тоа што е драмски автор, што значи тој за театарот воопшто. Потсети дека веќе две години Стефановски не е меѓу нас, а 46 години се поминати од неговиот влез во македонската драма и театар со претставата, односно со драмскиот текст „Јане Задрогаз“.

Таа го поздрави објавувањето на книгата и апелираше читателите одново да ги прочитаат, препрочитаат драмите на Стефановски и тие повторно се постават на сцена, низ македонските театри.

– Ова е одлично време Горан Стефановски да се постави на сцена, повторно и повторно. Сето ова невреме ќе заврши, кога тогаш, и ние пак ќе се вратиме во театар. Повеќе од потребен ни е да го слушаме, да го гледаме, да растеме, да растат генерациите што доаѓаат со неговите драми. Исклучително важен драмски автор, неверојатен зошто се она што е македонска современа драма, македонски модерен театар не би постоел ако не постоеше Горан Стефановски, рече Стојаноска. Додаде дека репликите од неговите драми на сите им се познати и се користат сè уште.

Даде предлог да има година на Горан Стефановски и сите македонски театри да постават по една негова драма. Смета дека тоа ќе биде провакција за секој млад актер, режисер, драмски автор и сл.

Би можело да ве интересира

НУ Драмски театар не ја додели награда „Горан Стефановски“

Одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Катерина Ѓуровски

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

„Тетовирани импресии“ – ФДУ го чествува творештвото на Горан Стефановски

Ана Ололовска

ФДУ го одбележува творештвото на Горан Стефановски

Горан Наумовски

Тестаменталната порака на Горан Стефановски ќе одекне низ светот преку нови преводи – активност на МСМЈЛК при УКИМ

Катерина Ѓуровски