Промовирани две книги од Славе Катин во Торонто

Од:

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, промовирани се делата „Семејството Видиновски“ и „Македонците во светот“ од Славе Катин.

Монографијата „Семејството Видиновски“ е во издание на „Македонска искра“ од Скопје, а излезе од печат во 2020 година. На македонски и на англиски јазик се опфатени текстови за иселениците Рада и Борис Видиноски од Торонто. Рецензенти на делото се проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Нада Николовска.

Монографијата е посветена на поетското творештво на Рада Видиновска, која е автор на четиринаесет поетски дела. Таа е прв лауреат на наградата „Иселеничка грамота“ во 1992 година, што првпат Матицата на иселениците од Македонија ја додели на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобар поет од дијаспората. Рада Видиновска е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година и член на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.

Публикацијата „Македонците во светот“ од Славе Катин е издание на „Македонска искра“ од Скопје и Фондацијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ од Прилеп и е објавена на македонски јазик. Рецензенти се д-р Лефтер Манче од Канада, Џорџ Атанасоски од САД, Гојко Јаковлески од Европската Унија и Душан Ристевски од Австралија.

Според издавачот, книгата „Македонците во светот“ заслужува внимание од домашната и од пошироката научно–културна јавност, како и од секој Македонец во дијаспората и во татковината.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто