Промовирана поетската збирка „Литературни искри“ 2021

Од:

Со доделувањето на наградите и промоција на заедничката поетска збирка, синоќа во Гостивар беше заокружено осмото издание на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ 2021.

На пригодната церемонија која се одржа во летниот амфитеатар во градскиот пред љубителите на поезијата дел од авторите ги прочитаа наградените творби и беа врачени благодарници на помагателите на фестивалот.

Годинава, заради пандемијата, натпераврувачкиот дел се одвиваше преку социјалните мрежи. На конкурсот се пријавија 126 автори во двете возрасни категории. Освен од Македонија конкурираа и поети од Словенија, Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина.

Жири комисијата на овогодишното издание, во состав: претседател Вања Изова Велева и членовите Габриела Петроска и Гордана Страшевска, одлучи наградата гран при на „Литературни искри“ 2021 да ѝ ја додели на Фросина Тасевска од Штип. За најдобар странски автор е прогласена Аида Ораховац, од Куч, Црна Гора. Првата награда му припадна на Владо Поповски од Скопје, а втората на Тони Павлески од Прилеп. Третата награда за поетска творба ѝ е доделена на Сања Нечовска од Скопје.

За најуспешна млада искра е прогласен шеснаесет годишниот Елмин Елези од Скудриње, Општина Маврово и Ростуше.

Поетскиот фестивал „Литературни искри“ се одржува во чест на 24-ти мај, денот на првите македонски просветители Светите браќа Кирил и Методиј, а реализацијата на овогодишното издание беше поддржано од Општина Гостивар и неколку приватни компании.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска