Промовирана монографијата на Наташа Диденко „Октомвриски фестивали на народни игри и песни од Битола, Штип и Скопје 1947-1952“

Од:

Во Музејот на македонската борба денеска се одржа промоција на монографијата „Октомвриски фестивали на народни игри и песни од Битола, Штип и Скопје 1947-1952“ на Наташа Диденко.

– Развојот на националната култура во Македонија со посебен израз на фолклорното творештво, започнува по создавањето на современата македонска држава. По формирањето на бројните културно-просветни и уметнички друштва во руралните средини и во градовите, започнува и организирањето на музичките фестивали. Со цел да се запознаеме со видовите на музичките културно-уметнички манифестации, во првата глава се прави краток историски преглед кога било забележано нивното организирање во европските и воневропските земји-истакна промоторката на делото Билјана Ристовска-Јосифовска од Институтот за национална историја.

Во продолжение од своето излагање се осврна на второто поглавје од оваа книга.

– Во втората глава фокусот е ставен на Октомвриските фестивали на народни игри и песни одржани во 1947 година во Битола и Штип. На почеток се истакнати организационите подготовки за фестивалот во Битола, при што се наведени податоци за составот на комисиите на главниот одбор во Скопје, кој како раководен орган ја координирал работата на фестивалот, додаде таа.

За својата монографија зборуваше и авторката Диденко и посочи дека премалку се знае за фестивалите кои таа ги таргетира во најновата книга.

– Во однос на монографијата би сакала накратко да напоменам дека произлегува од неколкугодишни истражувања и проучувања на темата. Во суштина она што ме поттикна беше тоа што во досегашните истражувања повеќе внимание е посветено на фолклорните фестивали што се организирани во периодот 1962-1986 година, додека на овие кои се организирани како први музички фестивали во современата македонска држава од областа на фолклорното творештво во 1947 година, накратко се напоменува дека се укинати од необјасниви и неоправдани причини, нагласи Диденко и дека оваа книга ќе помогне да се добијат повеќе сознанија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска