Промоција на „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ од Милан Јазбец

Од:

Во рамките на одблележувањето на Прешерновиот ден, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, вечерва, во 19,30 часот ќе биде промовирана поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ од Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.

Книгата е објавена на словенечки и македонски јазик во препев на Викторија Блажевска и Соња Должан. За најновото дело на авторот ќе говори проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска.

„Сите песни на Милан Јазбец извираат од една љубов. А, таа љубов може да се сфати како љубов кон саканата, кон предците и потомците, кон татковината“, констатира Раде Силјан во предговорот на изданието.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска