Промоција на поетска збирка од Лулзим Хазири

Од:

Издавачката куќа „Готен“ вечер од 20 часот во „Кино Култура“ ќе ја промовира поетската збирка „Кога љубовта се троши како креда“ од Лулзим Хазири.

– Да се пишува за поезијата на Хазири значи, уште на почетокот, да се биде внимателен во изборот на начинот на пишување и да се одбегне секаков вид конформизам. Хазири е поинаков глас во албанската поезија, творец кој носи нешто ново – на албанската поезија ѝ ја носи урбаната чувствителност, третирањето мотиви што се среќавале во светската книжевност, смета Салајдин Салиху, рецензент на стихозбирката на Хазири.

Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети. Промотори на изданието ќе бидат академик Луан Старова и Салајдин Салиху.

Лулзим Хазири (Гостивар, 1962) досега објавил четири збирки поезија и две книги со есеи и колумни. Песните му се преведени на англиски, француски, романски, хрватски и македонски јазик. Активен е по полето на заштитата на човековите права.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска