Промоција на „Круг полу круг“ од Игор Крајчев во ДПМ

Од:

Стихозбирката „Круг полу круг“, најново поетско остварување на Игор Крајчев, денеска ќе биде промовирана во Друштвото на писателите на Македонија.

Игор Крајчев е добитник на наградата „Енхалон“ на годинашните Струшки вечери на поезијата.

За поетската книга на Крајчев ќе зборува директорот на СВП Мите Стефоски, а стиховите ќе ги чита Александра Велинова.

Игор Крајчев е автор и на книгите „Реалности“, „Воини и херои“ и „Три секунди“. Избор од неговото творештво е дел од антологиите на македонската поезија и проза „Ветрот носи убаво време“, „Антологијата на македонска поезија“ на украински јазик, ревијата „Македонија“ на хрватски јазик, како и на антологијата на македонска поезија „Тој човек доаѓа од некаде“ на романски јазик.

Тој е добитник на највисокото признание на град Велес, Деветтоноемвриската награда за достигнувања на полето на литературата, како и за посебен придонес за развојот на културата во градот. Добитник е уште на наградите: „Празник на липите“ на Друштвото на писатели на Македонија, „Книжевен круг“ на литературната манифестација во Битола, на специјалната награда на Карамановите средби, како и на наградата „Прозни мајстори“. 

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска