Промоција на книгаta за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ

Од:

Културно-Информативниот Центар – Скопје ќе ја промовира култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ на издавачката куќа Чудна Шума.

Kултната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ конечно го доживеа своето реиздание, во рамки на едицијата за деца и млади на издавачката куќа Чудна шума.

Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција.

Промотор ќе биде книжевната критичарка и теоретичарка Александра Јуруковска, модератор на настанот Билјана Црвенковска, а делови од книгата ќе чита актерката Тина Трпкоска.

Би можело да ве интересира

Одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Катерина Ѓуровски

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

„Тетовирани импресии“ – ФДУ го чествува творештвото на Горан Стефановски

Ана Ололовска

ФДУ го одбележува творештвото на Горан Стефановски

Горан Наумовски

Тестаменталната порака на Горан Стефановски ќе одекне низ светот преку нови преводи – активност на МСМЈЛК при УКИМ

Катерина Ѓуровски

Есеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите и јужнославистите од Љубљана, Загреб и Скопје