Промоција на книгата „Одгласи од концертните сали“

Од:

Дирекцијата за култура и уметност утре во Македонската опера и балет ќе ја промовира книгата „Одгласи од концертните сали“ во која се содржани над 160 осврти, критики и рецензии од доајенот на македонската музикологија Констадин Костадиновски.

Преку понудените текстови и познавањата на музичките жанрови од фолклорот до џез и класичната музика, Костадиновски во книгата претставува тридецениска музиколошка историја во Македонија, Европа и светот.

Во книгата се сретнуваат текстови за Симон Трпчевски, Весна Гиновска-Илкова, Ана Дурловски, Михајло Куфојанакис, Тодор Светиев, Милица Шперовиќ-Рибарски, Кирил Рибарски, Љубомир Бранџолица, Влатко Стефановски, Тоше Проески, Пеце Атанасовски, Никола Бадев. Поместени се и текстови посветени на светските ѕвезди како Хозе Карерас, Барбара Хендрикс, Зубин Мехта, Арнолд Кац, Александар Штаркман, како и на врвните манифестации „Охридско лето„, „Скопско лето„, „Интерфест„ и други, како и на репертоарот и достигањата на националните ансамбли на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија.

На промоцијата ќе настапат и Весна Гиновска – Илкова, Кирил Рибарски, Милица Шперовиќ – Рибарски, Михаило Куфојанакис, Тодор Светиев и дуетот Живе Кремшовски – Николина Јаневска.

Извадоци од книгата ќе читаат Ели Танаскова и Катерина Стојановска -Десковска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска