Промоција на книгата „И по сто пати“ од Александар Поповски

Од:

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „И по сто пати“ од Александар Поповски.

Книгата ќе ја промовира Виолета Танчева-Златева, а стихови ќе читаат ученици од скопското основно училиште „Коле Неделковски“.

Поповски е современ македонски писател за деца и возрасни, добитник на наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писатели на Македонија за 2016 година. Пишува романи, кратка проза и поезија, преведува и е составувач на антологии и избори. Познати се неговите романи: „Правоаголен круг“, „Љубов со Сесил“, романите за деца „Летувалците од Славино“, „Бакнеж за сеќавање“, збирките раскази „Окото на срцето“, „Мокро куче сува мачка“ и поетските книги за деца „Кнеже еже“, „Проѕевко и дремло“,… Има публикувано голем број наслови меѓу кои „Кула од песок“, „Дивите лебеди“од Андерсон и „Птицата со девет глави“ (приказни од цел свет).

Би можело да ве интересира

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон