Промоција на книга за демократија и нација од Димитар Мирчев

Од:

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе биде промовирана книгата „Ферментација на демократијата и нацијата – сите македонски политички пролети од 1943 до 1993“ од проф. д-р Димитар Мирчев на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје.

Во своето најново дело познатиот универзитетски професор и научник прави политолошка анализа на три клучни периоди на модерната македонска политичка историја: Асномската пролет 1943 – 1944, либералната пролет 1968 – 1973 и пролетта на независноста од 1989 до 1993 година.

Мирчев во делото дава критички поглед и синтеза на нашиот понов политички развој, раздобје кое ја определува и нашата сегашност, па и насоките на движење. Тој како граничници и двигатели ги поставува идеалите за независна и обединета Македонија, за граѓанско-демократска република, за автономија и суверенитет и за либерален поредок. На таа основа, според него, созревала демократската и националната свест.

За делото ќе говорат акад. Владо Камбовски, претседател на МАНУ, проф. Гордана Силјановска Давкова и проф. Владо Поповски.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска