Промоција на антологија на современи македонски поетеси

Од:

Антологија на современи македонски поетеси „Ова е моето последно молчење“ со поднаслов „Панорама на актуелни современи македонски поетеси“ ќе биде промовирана вечер во „Јавна соба“, во рамки на Фестивалот на европската книжевност „BookStar“.

Во книгата се претставени современите македонски поетеси кои активно творат од почетокот на новиот век. Станува збор за панорамски преглед со избор од неколку песни што најдобро ќе го претстават личниот севкупен поетски печат на авторките, од поетеси од различни генерации, активни на сцената со по неколку објавени авторски книги поезија на македонски јазик.

Приредувачки на книгата се Елена Пренџова и Оливера Доцевска, а ќе ја промовира Весна Мојсова-Чепишевска.

Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на збирката „Одглас“

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

Почина култниот режисер Дејвид Линч

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети