Програмата на Националната галерија за 2020 година

Од:

Од Националната галерија информираат дека програмата  за оваа година мора да претрпи измени заради спецификата на дејноста на галеријата поради пандемијата со Ковид-19.

Отаму посочуваат дека Почетокот на 2020 година работата на Националната галерија, како и кај сите светски музеи и галерии, се базираше на интерактивни содржини на електронските медиуми и социјалните мрежи.

– Затекнати во услови на светска криза на културна понуда направивме презентации на ремек делата од нашата Колекција со различен тематски пристап. Го одржуваме контакот со публиката анимирајки ја со поинаков пристап диктиран од реалните, тековни услови и можности. Сепак, неминовно беше да пристапиме кон реализација на програмските содржини предвидени за 2020 година. Секако, програмата мора да претрпи измени заради спецификата на дејноста на галеријата а воедно водејки сметка за јавното здравје и задолжителната социјална дистанца. Програмскиот циклус го започнавме на 22 јуни со проектот под наслов „Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски, инсталација во просторот на Чифте амам која ќе се „гради“ во текот на јуни и јули. Заради неможност на физичко присуство целиот процес на поставување ќе биде прикажан на социјалните мрежи на Националната галерија.

Останатите програмски содржини за 2020 година се планираат со следната динамика: Ретроспективна изложба на Решат Амети предвидена за септември/октомври во Даут пашиниот амам (куратор Горанчо Ѓорѓиевски). Нареден проект на виш кустос Ана Франговска планиран за ноември во објектот Чифте амам е изложбата на Моника Мотеска под наслов „Везење во камен“.

Оттаму информираат и за два нови проекти кои ќе се реализираат.

– Станува збор за конкурси кои ќе бидат отворени до 20 јули 2020 година. Првиот конкурс е наменет за двајца млади уметници. На овој конкурс ќе може да се пријават уметници до (и) 35 годишна возраст (до денот на пријавувањето на конкурсот да немаат повеќе од 35 години), со постојано место на живеење на територијата на Република Северна Македонија (од најмалку три години). Повикот е отворен за сите млади уметници кои имаат идеја да реализираат проект во еден од објектите на Националната галерија – мултимедијалниот центар Мала станица, во периодот октомври-ноември 2020 година. Темата не е ограничена, ниту однапред детерминирана, соопштуваат од Национална галерија.

Додека, вториот конкурс е за зрел уметник. и ќе може да се пријават сите уметници над 35 годишна возраст со постојано место на живеење на територијата на Република Северна Македонија (од најмалку три години). Проектот ќе треба да го реализираат во мултимедијалниот објект Мала станица во ноември – декември 2020 година.

Последниот проект планиран од Националната галерија за крајот на 2020 година е јубилејната изложба по повод 90 години од раѓањето на Иван Велков.

– Со оглед на неизвесноста на развој на настаните, а со надеж дека ситуацијата ќе се смири и ќе продолжиме да живееме и работиме во нормални услови, Националната галерија на Република Северна Македонија ги задржува сите права за измени и дополнување на програмските содржини, наведуваат од Националната галерија на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска