Проект за конзервација и реставрација на Златковата кула во Кратово

Од:

Во завршна фаза е изработката на проектот за конзервација и реставрација на Златковата кула во Кратово, значаен споменик на културата од 14 век, информира Министерството за култура.

Оттаму посочуваат дека во согласност со проектот, што се реализира со поддршка од Министерството за култура и со грантот за заштита на културното наследство на Амбасадата на САД во Република Македонија, стручните екипи на Националниот конзерваторски центар годинава ќе работат на реставрација на ентериерот на кулата и негова адаптација во простор за афирмација на културата и културниот туризам во Кратово.

Златковата кула претставува градба на три ката која името го добила според последниот сопственик, Ѓорги Златков. Во приземјето од Кулата, според проектот, планирано е отворање на сувенирница со предмети карактеристични за кратовскиот крај, културно-информативен центар, како и спомен-соба на македонскиот православен светител св. Ѓорги Кратовски.

Претходно, како дел од Годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес, беше извршена конзервација на архитектурата на Златковата кула која е значајно сведоштво за средновековниот живот на Кратово.

Со поддршка од Министерството за култура, претходно во Кратово беше извршена реконструкција на Саат-кулата, како и ревитализација на Симиќевата кула, која е веќе отворена за јавноста и во која е изложена постојаната поставка „Карпошово востание 1689 година“.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ