Проекција на филмот „Каприс“ на Емануел Муре ќе биде прикажан вечер во Кинотеката на Македонија во рамки на Францускиот кино клуб.
Според сижето, Клеман е наставник, чијшто живот целосно ќе се исполни кога партнерка му станува Алисија, славна актерка на која и’ се восхитува. Се ќе се усложни кога Клеман ја среќава Каприс, млада неумерена жена, која оди во крајности и која се вљубува во него. Во меѓувреме, неговиот најдобар пријател Тома се зближува со Алисија.
Во главните улоги настапуваат Виржини Ефира, Анаис Демустие и Лоран Стокер.
Почетокот на проекцијата е во терминот од 20 часот.