Продажна изложба на дела од Анка Данаиловска во галеријата „Остен“

Од:

Галеријата „Остен“ денеска попладне организира продажна изложба на уметницата Анка Данаиловска, насловена „Сочуваните спомени”.

До 26 декември посетителите ќе може да погледнат и купат цртежи и графики на авторката која со дел од нив учествувала на „Остен Биенале“ на „Цртеж Скопје 2016“, а дел ќе бидат достапни за откуп од љубителите на уметноста.

Графичарката Анка Данаиловска има реализирано дваесетина самостојни изложби во Скопје, Гевгелија, Париз, Куманово, Софија, Марибор… Од 1998 година добила седум награди за своите цртежи и графики.

Данаиловска (Куманово, 1972) завршила средно училиште за применета уметност, а во 1995 година дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на графичкиот оддел во класата на проф. Димче Николов.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“