Признание „Свечена грамота“ за директорката на Кинотека

Од:

Признание „Свечена грамота“ ќе и биде врачено на Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија, за придонес во популаризацијата на бугарската култура и исклучителен придонес во продлабочувањето на културната соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Наградата, која ја доделува министерот за култура на Република Бугарија,  ќе и ја врачат бугарскиот амбасадор Иван Петков и Димитар Христов, директор на Културно-информативниот центар на Бугарија во Македонија.

– Плакетата се доделува по повод 24 Мај – Денот на словенската писменост, кој во Бугарија се одбележува и како ден на бугарската просвета и култура. Ова признание е значајно и зашто се доделува во годината кога Бугарија ја слави 100-годишнината од својата кинематографија, соопшти Кинотеката на Македонија.

Гости на настанот ќе бидат Антонија Ковачева, директор на Кинотеката на Бугарија, и Петар Карџилов, историчар и истражувач на филмот.

Во Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот ќе има специјална проекција на филмот „Иконостасот“ од 1969 година, во режија на Христо Христов и Тодор Динов.

Би можело да ве интересира

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов