Признание „Свечена грамота“ за директорката на Кинотека

Од:

Признанието „Свечена грамота“ денеска и беше врачено на Мими Ѓоргоска – Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија, за придонес во популаризацијата на бугарската култура и исклучителен придонес во продлабочувањето на културната соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Наградата, која ја доделува министерот за култура на Република Бугарија, и ја врачи бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков.

Плакетата се доделува по повод 24 Мај – Денот на словенската писменост, кој во Бугарија се одбележува и како ден на бугарската просвета и култура. Ова признание е значајно и зашто се доделува во годината кога Бугарија ја слави 100-годишнината од својата кинематографија.

Амбасадорот Петков истакна дека Мими Ѓоргоска-Илиевска, како личност и експерт, е долгогодишен пријател и познавач на бугарската кинематографија.

– Придонесува за реализација на проекти за научни истражувања и за проследувањето и зачувувањето на културното наследство во областа на кинематографијата на нашите две соседни држави, на Балканот и на Европа, рече Петков.

Директорката Ѓоргоска-Илиевска истакна дека значи да се добие признание за сработеното.

– Секое признание значи и уште поголема одговороност и обврска да се продолжи и понатаму, да се работи на заштитата на филмското наследство и на негова презентација. Ова призние ги потврдува, пред се моите заложби и заложбите на Конотеката на Македонија. Покрај нашата основна дејност, заштита на националното филмско наследство, континуирано да ги продлабочуваме и развиваме меѓународните релации со колегите од сите архиви, како од Европа и от светот, рече Ѓоргоска-Илиевска.

Да успеваме, нагласи таа, да ја презентираме македонската кинематографија надвор од Македонија и да ги претставуваме различните кинематографии во Македонија, да ги воочуваме нашите сличности и разлики, се во интерес на промоција на филмското наследство. Таа им се заблагодари на колегите од Кинотеката на Македонија.

Биографијата на Ѓоргоска-Илиевска ја претстави Димитар Христов, директор на Културно-информативниот центар на Бугарија во Македонија. Тој потенцира дека Ѓоргоска-Илиевска е почитуван експерт и колега во Македонија и во Бугарија и придонесува за долгогодишната културна соработка и пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

Во Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот ќе има специјална проекција на филмот „Иконостасот“ од 1969 година, во режија на Христо Христов и Тодор Динов.

Присутните со едноминутно молчење и оддадоа почит на новинарката Сузана Тодоровска Павловска, која пред неколку дена загина во сообраќајна несреќа кај ТЦ „Зебра“.

Би можело да ве интересира

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов