Презентирана програмата за Штипско културно лето

Од:

Општина Штип на денешната прес-конференција ја претстави програмата за Штипско културно лето (ШКЛ), кое ќе се одржи од 19 јуни до 9-ти август.

Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов истакна дека штипската публика може да види 30 културни настани, отварањето е утре со целовечерен концерт на КУД „Ристо Донев –Учителот“, а оваа најстара манифестација во Штип ќе заврши на 9-ти август со востановениот Суммер беацх фестивал.

– Некаде помеѓу се поместени стандардни културни содржини од типот на изложби, концерти, промоции и претстави. Статистички кажано, годинава на ШКЛ ќе има седум настани, кои се во доменот на етно и традиционалната музика, пет класични концерти, три концерти од сферата на популарната музика вклучитлено и промоција на албум и рок хепенингот на Вртешка на планината Плачковица со гости од САД, четири театарски претстави од кои две детски, три изложби од кои две на цртежи и акварели и една на уметничка фотографија, две промоции на книги и една ревија, рече Ристов.

Општина Штип годинава за ШКЛ издвои околу 140.000 денари. Утре, на денот на отворањето на културното лето угостителите ќе имаат продолжено работно време од еден час.

Би можело да ве интересира

Пеце Ристевски назначен за в.д. директор на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

А1он

Недели не делат од убава вест за доизградбата на новата Клиничка болница во Штип, најави премиерот

Пијан штипјанец предизвикал сообраќајка, а немал положено за возачка

Штип се прости од петтемина загинати во пожарот во Кочани

По трагедија во Кочани: Штипјани рекоа „Доста е“

Протест во Штип: Сите да ја добијат својата казна