Презентиран проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“

Од:

Во градската библиотека при НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево денеска беше презентиран проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“, во реализација на Фондација Македоника, со поддршка на „Цивика Мобилитас“.

Преку едногодишниот проект што почна да се спроведува на 1 јуни годинава се очекува многу млади и непознати автори првпат да ги објават своите дела.

Можност да учествуваат во проектот имаат сите млади автори од етничките заедници (Македонци, Албанци, Турци, Роми и Срби) од Република Македонија, регионот и дијаспората. Жанрот на делата за доставување не е ограничен, т.е. авторите може да конкурираат со проза, поезија и драма.

– Од сите пристигнати текстови издавачката комисија на проектот ќе избере 12 дела од автори од сите етнички заедници што ќе бидат објавени во бесплатната дигитална библиотека на Фондација Македоника. Делата ќе бидат објавени двојазично, на македонски јазик и на мајчиниот јазик на авторите (албански, турски, ромски и српски), рече Андреа Ичокаева Бундалевска која е дел од тимот Фондација Македоника.

Во рамките на дигиталната библиотека, додаде, ќе биде организиран и социјален форум каде читателите ќе ги коментираат и оценуваат објавените текстови.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска