Скопскиот џез-фестивал денеска ќе биде претставен во Њујорк. Македонската џез-култура и традиција ќе биде промовирана на настанот „Skopje Jazz Festival in New York City“ кој во соработка со Македонскиот културен центар (Gallery MC) ќе се одржи во познатиот џез-клуб Studio 151 во Њујорк.
Вечерта ќе биде отворена со изложба на најуспешните и наградени плакати од историјата на Скопскиот џез-фестивал, а ќе продолжи со коктел и концерт на Тони Китановски Трио. Меѓу специјалните гости на вечерта ќе биде и македонскиот музичар Дуке Бојаџиев.
– Њујорк отсекогаш имал значајна улога во уметничката концепција на Скопскиот џез-фестивал низ неговата 33-годишна историја. Скопје на својата џез-сцена ги пречекал речиси сите креативни имиња кои доаѓаат од најплодната средина за импровизирана музика во светот. Овојпат, Њујорк го возвраќа гостопримството со вечер на одличен макеодонски џез, уметност и дизајн и врвно македонско вино, соопшти Скопски џез-фестивал.