Претставување на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ во галеријата „Захета“ во Варшава

Од:

Македонскиот ликовен уметник Ѓорѓе Јовановиќ денеска ќе одржи презентација на своето творештво во склоп на меѓународната групна изложба „Да се употреби повторно: минатото како костим или инспирација” која ќе се одржи во Националната уметничка галерија „Захета“ во Варшава.

Јовановиќ на оваа изложба се претстави со видеото „They All Wait for Me to Pay” изработено во Тирана, во 2013 година, во кое тој соработува со традиционален исо-полифониски хор и претставува обид да се поврзе минатото и сегашноста преку пеење и раскажување.

Изложбата „Да се употреби повторно: минатото, како костим или инспирација” е организирана во рамки на размената помеѓу Салонот на Музејот на Современа уметност од Белград и Проектниот простор Захета. Изложбата беше отворена на 11 февруари и трае до 15-ти овој месец.

Покрај презентацијата на селекција од неговите дела, Јовановиќ заедно со Ригелс Халими, професор на катедрата за источноевропски студии на универзитетот во Варшава, ќе говорат за историјата на исо-полифонското пеење.

Во делата презентирани на изложбата (видео инсталации, фотографии и објекти) уметниците ги користат артефактите од поновата историја (архитектурата, фотографијата, медиумските слики и документирањето на политичките и општествените случувања, филмот и музиката).

Некои автори ги третираат артефактите како сцена на која тие развиваат целосно нови идеи, а другите, пак, повеќе реферираат на приказните што тие ги употеребуваат како инспирација. Поканетите уметници се родени во поранешна Југославија. Тие живеат и работат во Белград, Љубљана, Скопје, Амстердам и во Виена.

Покрај Ѓорѓе Јовановиќ, учесници на изложбата се Ана Адамовиќ, Младен Бизумиќ, Јасмина Цибиќ, Бојан Фајфиќ, Иван Петровиќ, Саша Ткаченко, Милош Томиќ. Кураторка на изложбата е Магда Кардаш.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски