Издавачката куќа „Три“ денеска напладне во книжарницата во ГТЦ ќе ја претстави најновата книга на авторката, новинарка и активистка Ана Јовковска, насловена „Сакам, значи постојам“.
– „Сакам, значи постојам“ е духовно патување од и кон себеси. Книга за потребата да го спасиме овој комплициран свет со љубов и добрина. Страниците натопени со љубов изобилуваат со искрени исповеди за животот, емпатијата, среќата, болката, слободата, родителството, човечкото достоинство, соопшти „Три“.