Претставување на избор поезија од Стефан Марковски на книжевен фестивал во Полска

Од:

Избор поезија од современиот македонски поет, романсиер и драматург Стефан Марковски ќе биде претставен во рамки на фестивалот Пронајдени во преводот во Гдањск, Полска.

Изборот насловен Prędkość snu – A Dream’s Pace – Брзина на сонот е објавен на полски, англиски и македонски јазик, а преводот на полски јазик е направен од Зофиа Дембовска.

Изборот на поезијата на Марковски ќе го промовира полската поетеса Хана Лозовска, а во рамки на истиот настан кој ќе се одржи на 21 април во 13:00 часот во Европскиот центар за солидарност ќе биде промовиран и избор поезија и од современата италијанска поетеса Лаура Капра.

Фестивалот Found in Translation е уникатен книжевен фестивал посветен пред сé на книжевно-преведувачката дејност. Годинава фестивалот ќе се одржи од 20 до 22 април. Наградата за превод „Тадеуш Бој-Желењски“ (Tadeusz Boy-Żeleński Translation Award) која во рамки на фестивалот ја доделува градоначалникот на Гдањск е важно признание за уметноста на литературниот превод и истата се доделува на секои две години на живи преведувачи од странска литература на полски јазик.

Фестивалот е организиран од страна на Градскиот културен институт (Instytut Kultury Miejskiej) и Градот Гдањск.

На овој фестивал свое учество зеле некои од најреномираните светски автори и добитници на Нобеловата награда за литература, како Адам Загајевски, Олга Токарчук, Вислав Мишливски, Анджеј Стасјук и други.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска