Претставување на филмот „Банат“ на ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Италијанскиот режисер Адријано Валерио денеска на прес-конференција во Битола го претстави својот филм првенец „Банат“, кој синоќа имаше македонска премиера на фестивалот „Браќа Манаки“.

Филмот е копродукција помеѓу повеќе земји, меѓу кои е и Македонија која првпат во овој проект копродуцуира со Италија.  Беше прикажан во програмата „Нов европски филм“, поддржана од Европската унија.

adrijano (2)

Режисерот Валерио рече дека во Македонија се снимени клучни кадри кои, како што рече, го одредија расположението на филмот. Снимано е и во Романија, Бугарија и малку во Грција.

– Работевме многу добро со нашиот менаџер за локации. Имавме три недели и трчавме како луди за да ги најдеме. Слушнав многу убави работи за Македонија и за продукциските можности и одеднаш работите станаа едноставни. Во Македонија најдовме млади и амбициозни луѓе што беа подготвени да учат од постарите од другите земји. Спиеја по два часа на ден за да биде се во ред. Сите беа многу професионални за цело време, рече Валерио.

Посочи дека фестивалите како „Браќа Манаки“ се многу важни бидејќи, рече тој, кога влегувате во голема продукција, финалната цел е профитот.

adrijano (1)

– Имам привилегија да предавам во филмско училиште и често прикажувам референци од филмови. Филмот не мора директно да се занимава со политика за да биде политички,  тоа може да се постигне и со прикажување на интимата на карактерите. Актуелна е темата на бегалците, имигрантите. И Италијанците почнаа да се селат. А јас, раскажувам приказна за некој што има избор – има работа, автомобил, стан и, сепак, избира да замине, додаде Валерио.

Директорот на фестивалот Димитар Николов го поздрави режисерот Валерио и истакна дека Македонија стекнала голем пријател.

adrijano (4)

– Особено ми е драго дека го имаме Адријано Валерио и со самото тоа што реши да снима во Македонија, ни стана пријател. За нас е особена чест што тој во голема мера искористи локации во Македонија за овој прекрасен филм, се надевам дека ќе имаме можност да соработуваме со него и во иднина. Тој лесно се справува со приказната и му честитам. Би сакал да имаме што повеќе такви филмови кои промовираат нова иднина на европско кино. Среќен сум што можам како директор на таков реномиран фестивал, да учествувам во промоцијата на вакви филмови, рече Николов.

Светската премиера на „Банат“ беше на фестивалот во Венеција, во програмата „Недела на критиката“, а по Битола ќе следува Интернационалниот филмски фестивал во Пусан. Филмот во октомври ќе учествува и на Варшавскиот филмски фестивал од А-категорија.

Би можело да ве интересира

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска